OНA кoга на Дpyгаpoт му тpeба стpyчна пoмoш

Изјави

Господинот другар и Другарот господин Апасиев лидер на демек Левица, учесник во шарената револуција, фрлач на боја врз македонската чест и историја, соработник на Катица Јанева во СЈО на предметите за Орце и Сашо банда, цицач на државна цицка и корисник на народни пари за своја куќа, дава изјава:

– Груевски згреши, требаше да го уапси Заев штом почна да ги пука бомбите и да го забрани цел НВО сектор, а со тоа и Шарена Револуција да биде забранета и испоапсена… Многу им дозволи да се разиграат и тука ги потцени, тоа се двете кардинални грешки на Груевски…

Ова го изјавува будалетинката која беше во први редови на шарената револуција, учесник во НВО организација, корисник на привилегии од граѓански сектор, а по негова логика требало и тој да биде тепан, е…, апсен!

Кој е дечково на сликава во први редови на шарените? Дали го препознавате?

На овој дечко му личат ли овие изјави? Обичен популист и преживар на грбот на чесниот македонски работник!

Сега по ново другарот Апасиев сака да ни каже дека груевизмот бил прекрасна диктатура, како онаа во Белоpycиja и ако тој дојде на власт ќе биде погаден од Груевски. Предходно зборуваше дека Грујо треба да падне и да скапи во затвор, а сега дека Грујо бил цар.

Тоа е она кога на човек му е потребна стручна помош.