ДOБPO УТPO од aматepката со Милa кадapната

Добро утро

Мила кадарната

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Мила ужива да не убедува во своите квалитети и самоувереност дека нејзините одлуки се совршени. Тврди дека епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Исто така не успокојува дека државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имала извештаи на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат.

Сите знаеме дека за да се почитуваат протоколите потребни се средства за лична хигиена, зголемен број на кадар и повеќе простор.

Дали Мила знае или дали и пишале во извештајот дека во повеќе училишта не се исполнети овие услови? Неа да и веруваме или на своите очи? Мила дали знае дека на родителите кои имаат ученици до 5-то одделение им даваат список со потребен материјал за работа. Во тој список покрај боички, тетратки, ножички, стои да купат и тоалетна хартија, бришачи за раце, сапун и влажни марамици!

Добро е што не бараат и некој од родителите волонтерски да зачисти во училиштето.

Дали Мила знае дека заради недостаток на кадар целодневната настава во повеќето училишта е полудневна?! Во некои училишта завршува во 15:00 часот, а дечињата се оставени по комшии или пред зграда додека стигнат родителите кои пак работат до 16:30 часот?!

Таа упорно брбла како некоја верверица дека се си е супер! Имало инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенирало! Ужасно!

И при целосна свест бара поддршка од Народен правобранител да не и се забележува во однос на работењето и да не се земаат предвид лажните вести! Демек, секој што ја кажува реалната состојба за неа се лажни вести! Според Мила, родителите не треба да веруваат на тоа што го гледаат туку да веруваат на тоа таа што го кажува. Очигледно така ќе им биде полесно!