
БИБЛИСКО чудо во Јордан
Поцрвене водата во малото езеро покрај Мртво море, кое со вода се полни од светата река Јордан.
Јорданското министерство за вода во саботата испрати тимови да земат примероци и да ја откријат причината за промената на бојата, пренесуваат јорданските медиуми и израелски The Jerusalem post.
Локалните жители ширеа фотографии од црвеното езеро на социјалните мрежи, прашувајќи се како настанала промената.
Доколку водата станува црвена, таа предизвикува паника помеѓу населението бидејќи ги асоцира на библиската чума на крв. Сепак научниците веруваат дека постои логично објаснување. Геолозите веруваат дека црвената боја на базенот во близина на Мртвото Море може да биде предизвикана од алги, железен оксид или дополнителни хемикалии.
Сахр Ал-Нусур, шефот на Јорданскиот геолошки синдикат, за јорданскиот весник Ал Гад изјави дека црвената боја може да е предизвикана од алги, железен оксид или додавање на супстанции од страна на луѓето за промена на бојата на водата.
Портпаролот на министерството, Омар Салама, за Јорданската новинска агенција Петра изјави дека езерото е мало и изолирано од водите на Мртвото Море. Резултатите од испитувањата на езерцето се очекува да бидат објавени во наредните денови.
Минатата година, реката Александар поцрвене поради крвта од кланиците на Западниот брег што се влева во реката, според Друштвото за заштита на природата во Израел.