
AТEНТAT вpз Вyчиќ или сaмо жeлба
Поранешниот омбусман и опозициски кандидат за претседател на Cpбиja, Саша Јанковиќ призна дека странски амбасади и западните моќници му давале предлог да се доближи до Вучиќ, а потоа да се обиде да го сруши, но после очекуваната смрт на претседателот, без да прецизира како ќе дојде до неа.
Јанковиќ изјави дека добивал предлози да се доближи до Вучиќ, како би можел да го сруши одвнатре и во погоден момент кога ќе му откаже срцето на Вучиќ тој да дојде на неговото место. Но како да откаже срцето на Вучиќ?
Смртта е природно прашање, прашање е дали година порано или покасно, важно е само што ќе оставите зад себе. А точно знам после кое мое заминување во болница тие можеле да дојдат до тие документи, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Саша Јанковиќ ја зборуваше вистината, а тој точно кажа што се случува. Ние добро го следиме тоа што го прават странските служби, исто како што тие ги следат нашите луѓе. Знаеме дека тие не се воодушевени од брзиот напредок на Cpбиja, вели Вучиќ.
Тоа што го рече Саша Јанковиќ ќе биде вклучено во учебниците! Тоа е историски за нашата земја, додаде Вучиќ.
Тие се обидуваат да ме отстранат затоа што прашањето за лидерство е важно, стариот Бин Зајед кој ги направи Емиратите, отиде да ја посети Либија во времето на Гадафи во 70-тите години, потоа рече дека се надева дека пред да умре ќе може да ги направи Емиратите да личат на Либија и погледнете како изгледаат Емиратите денес, а како Либија. Тоа е успех на водството, на оние кои сонуваат соништа и исполнуваат цели, и затоа им пречам.
Тој вели дека пред неколку години имало секојдневна хајка по него поради Савамала, а дека денес сите се воодушевени со изгледот на Белград на водa, рече тој. Но никако да прецизира кој подготвувал негова елиминација.