CДCМ во oчaj, нaдeж кaj „миниcтepoт cмpт“

Политика

Давеникот се фаќа за сламка, па така удавениот СДСМ се фати за сламката наречена „министер смрт“!

Раководството на СДСМ како политичка гарнитура која управува и со државата е во длабока криза, особено после трагедијата во Тетово и обидот да се спаси министерот Филипче од одговорноста. Тој во исто време е и потпретседател на СДСМ и еден од клучните играчи за преземање на „скопското крило“ на партијата од рацете на Радмила Шеќеринска, пред таа да биде целосно политички еутанизирана.

Очајот на партиските челници се забележува од далеку. Особено во текот на вчерашниот ден со наредбата на сите партиски ботови и „медиуми“ на широко да се споделува колумната на „министерот смрт“ Никола Тодоров објавена во Дојче Веле, со наметнат наслов во корист на министерот за екстра смрт Венко Филипче.

Реално во колумната нема таков основ за ваков наметнат наслов, но бидејќи во Македонија се читаат само наслови, доволно беше да се подметне наслов и да се заврши работата.

Но очајот на членството на СДСМ се гледа од нивното радување и масовно споделување на лажната вест на сите можни начини на социјалните мрежи и тоа невидена радост на „министерот смрт“ Нино, како они го нарекуваа до вчера и му правеа иста таква хајка како сега што плачат за хајката против Венко.

Очајот во СДСМ е веќе јавен. Да се радуваш дека „министерот смрт“ застанал на твоја страна и дека те пофалил, а притоа да си член на СДСМ е повеќе од срамно. Срамно пред се поради начинот на кој сте дискутирале до вчера за истиот тој „министер смрт“.