ДОБРО УТРО од аматерката со сештојадите

Добро утро

СЕШТОЈАДИ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Политичарите се неверојатно интелигентни кога е во прашање нивниот опстанок на власт. Опстанокот се должи на нивната “исхрана” која му го полни џебот. Дали одреден вид ќе преживее на власт, зависи од неговото место во самиот синџир на исхрана. Тие имаат развиено механизми со кои истите опстојувале години, токму преку синцирот на исхраната. За да се биде предатор треба да бидеш најголем во самиот синџир, но и снаодлив кога е во прашање исхраната.

Синџирот на исхраната е поделен на три дела, според местоположбата и интегритетот што го имаат со живиот свет.

1. РЕДУЦЕНТИ (РАЗГРАДУВАЧИ) – во оваа група спаѓаат хетеротрофните организми – Габи (директорчиња и разно – разни функционерчиња). Тие користат готови органски материи од изумрени видови (или самите тие ги умираат) и истите учествуваат во крушењето на органските материи во природата.

2. ПРОДУЦЕНТИ – во оваа група спаѓаат растенијата (министри, заменици и поважни директори, пратеници). Тие создаваат органски соединенија за сите живи организми од својот род (партиските другари функционери) преку процесот на фотосинтеза (ребаланс на државниот буџет).

3. КОНСУМЕНТИ или најважните, најситите – во оваа група спаѓаат хетеротрофните органзми (премиер и неколку негови избраници). Тие користат готови органски соединенија кои се создадени од продуцентите. Според видот на исхраната, консументите се поделени во 3 групи, и тоа: хербивори (тревојади), карнивори (месојади) и омнивори (сештојади).

Нашите консументи се овие третиве – сештојади! Тоа е причината зошто нашиов консумент ( Зоран Заев) неможе така лесно да го “испушти” неговиот продуцент (Венко Филипче). Ќе направи се што е возможно и невозможно да го задржи, а за возврат некој редуцент ќе го замени со нов, за да одржи баланс на “здрава” исхрана.