Меџити: Старите автомобили се отстрануваат, се ослободува јавниот простор

Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека започна акција за отстранување на старите и напуштени возила од улиците во општината, со цел ослободување на јавниот простор и подобрување на редот во населбите.

Според него, стотици возила кои со години биле оставени без функција и зафаќале јавни површини, веќе се отстрануваат етапно. Со ова, како што посочува, се создаваат повеќе слободни паркинг-места за жителите, се олеснува сообраќајот и се зголемува безбедноста.

„Оваа акција носи поквалитетен урбан живот – повеќе простор за паркирање, почисти улици и подобра организација на сообраќајот“, истакна Меџити.

 

Од Општина Чаир најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел целосно расчистување на јавните површини од нефункционални возила.