Коњановски: Танцот е јазик што ги брише поделбите меѓу младите

Македонија

Денеска беше завршницата на јавниот конкурс за меѓуучилишен танцов предизвик што го организираше Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, а кој се реализира во рамките на солидарниот проект „Мостови на пријателство“.

Овој предизвик не е само натпревар по танц, туку беше покана за дружење, поврзување и создавање пријателства меѓу младите од различни етнички и социјални заедници во Битола. Преку движење, музика и заедничко творење, младите добиваат простор да се запознаат, да се изразат и да покажат дека различноста може да обединува, а не да разделува.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакнувајќи ја важноста на ваквите манифестации каде што танцот е универзален јазик, а јазикот не познава предрасуди, гради доверба и создава мостови таму каде што порано имало поделби.

 

 

Учествуваа ученици од основните училишта.

Најуспешните кои преку танцот испратија јасна порака за пријателство, заедништво, толеранција и надминување на стереотипите беа наградни со прва, втора и трета награда.