ДЕМАНТ ГРУЕВСКИ: Признава повреди, но не и напад

Свет

МКД денес во текот на вчерашниот ден објави вест за физички напад врз Никола Груевски и повреди, со отворена можност за него, јавно да ја потврди или демантира веста. За само 40 миниту се јави Грувески на неговата официјална фан страна со демант, но и потврда на нашата вест. Тој потврди дека е повреден, но од спортски активности, а не од физички напад.

Со цел вистинско информирање на јавноста, МКДенес ја објавува реакцијата на Груевски во целост:

„Продолжуваат лагите, конструкциите и манипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат. Пред малку ми јавија дека некој портал објавил лажна вест дека сум бил физички нападнат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа.

Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам.

Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи.

Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива.

Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат.

Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија. Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка.

На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, манипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.

На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата.“ – стои во реакцијата на Груевски.

Груевски манипулира и не соопштува дека од страна на повеќе новинари, уште пред неколку денови е контактиран за физичкиот напад врз него и дека не одговара на никој новинар, во стариот стил на добар диктатор. Исто одби да даде информација за МКДенес, пред да биде објавена веста.

Заклучокот е дека Груевски е повреде, според информациите на неговите пријатели кои ги спомнува, за време на физички напад врз него, а според него самиот за време на спортски акивности. Истрагата продолжува со зголемена доза на загриженост за психичкото здравје на Грувески, со оглед на текстот во кој повторно во стариот стил зборува за одработувачи, платеници, изгубени и сл. Дефинитивно човекот е изгубен начисто.