
ДОБРО УТРО од аматерката со стандардите и државата
Кога нема стандарди, нема и држава
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Стандардите би требало да се насекаде околу нас, иако ние не секогаш сме свесни за тоа. Постојат неколку различни типови на стандарди кои се однесуваат на препораки во однос на производи, системи, процеси или услуги. Стандардите, исто така, може да претставуваат начин со кој може да се опишат методите на мерење и испитување или да се воспостави заедничка терминологија во рамките на еден специфичен сектор.
Во суштина стандардите се договорен начин на правење на работите. Тие документи се подготвени со консензус и усвоени од страна на признато тело, со кој, заради општа и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определни активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување оптимален степен на уреденост во определно подрачје.
Но, дали ние ги почитуваме истите и дали во целост ги применуваме не знаеме или не сме свесни дека постојат. За нив дознаваме откако ќе се случи некој немил настан или проблем кој пак, произлегува од непочитување на некој си стандард. Имајќи предвид дека стандардите се изработуваат и се дефинирани преку процес на споделување на знаење и градење консензус помеѓу технички експерти номинирани од страна на заинтересирани страни, доволно кажува за нивната важност. Некаде истите е предвидено да имаат законски – задолжителна примена, но некаде доброволна, а се состојат од технички спецификации базирани на резултатите од искуството и технолошкиот развој.
Бидејќи ние сме “експерти” за манипулирање со системот, оние “наметнатите” ги имаме на хартија и се фалиме со нив иако истите се лажни и добиени врз база на невистинита реална состојба. Онаму каде што не се задолжителни не ги ни бараме туку важно е само јавната набавка да е во полза на неколкумина.
Најсвеж немил настан е модуларната болница за која предоцна дознавме дека биле користени високо запаливи материјали кои се вон сите стандарди за ваков тип на објект. Такви има уште неколку. На нас граѓаните останува дали ќе продолжиме да живееме “на среќа” или ќе превземеме радикални мерки. Секој треба на време гласно да реагира и да внимава на кого ја поклонува својата доверба.