
КИЧЕЕЦ уби човек со џипот на Орце
Едно лице загина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила кај Стража на патот Маврово – Кичево, јавуваат сведоци на несреќата.
Во сообраќајката учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот Рекет за кого сите веруваа дека е во затвор. Дечкото не само што не е во затвор за случајот РЕКЕТ со кој го уништија СЈО, туку и се чувствува газда на македонските улици.
Според очевидци, Кичеец го возел белиот мерцедес џип на Орце Камчев, кој наводно е во затвор. Веројатно и тој како и Кичеец е во ептен јак затвор.
Очекуваме официјална информација од МВР.