СДСМ се пере, КИЧЕЕЦ бил на летен распуст

Македонија

Власта го достигна дното. После скандалот со учеството на осуденик на правосилна мерка затвор во сообраќајка со џип на исто друг демек осуденик, забрзано нарачаа текстови во владините порталчиња.

Имено, осудениот на 3 години затвор во случајот “Рекет”, Зоран Милески Кичеец, ккао еден од учесниците во сообраќајната несреќа на Стража, бил на месец дена летен распуст. Значи и за затворениците имаме летен распуст во земјава, а не само за учениците. Па и затворениците се на некој начин ученици.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Едно лице загина, а седуммина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладево се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселските гробишта.