МАКСО го фати ЗАЕВ во лага

Политика

Димитриевски му врати на Заев: Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации како тебе, Зоране!

Ова беше реакцијата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ќе биде исклучен на седница на Централниот одбор.

Димитриевски прашува како може раководството на партијата однапред да ја знае одлуката на Централниот одбор.

„Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум сеуште член на СДСМ.

КОЈ ЛАЖЕ ВО СДСМ?

Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации. Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени?

Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност.

Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ.

Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?

Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива “За Наше Куманово” со имплементирање на реална демократија во пракса.