СПЕЦИЈАЛЕН автобус за Aвгaниcтaнци во Cкопје

Живот

На ниту еден од 149те  Aвгaнистанци кои пристигнаа во Скопје не им е забрането излегувањето од хотел „Белви“, каде што се сместени, ниту пак им е ограничено движењето низ градот и државата, велат од Влада. Тоа значи дека може да се шетаат кај и да посакаат низ Македонија, иако сеуште не е познато кој се го напушти Aвгaниcтан.

-Мигрантите кои дојдоа од Aвгaниcтан имаат 90 дневна виза за престој во државава. Се очекува дека тоа е доволно време за да ги подготват сите потребни документи и да заминат на нивната крајна дестинација. Од друга страна, со самото регулирање на нивниот престој, се регулира и нивното право на слободно движење, одговорија од Владата.

Нивниот престој сепак го обезбедува MВP, за како што велат, да нема постојан контакт со населението или новинарите.

– И покрај тоа што не знаат дали станува збор за мирољубиво население на кое Македонија му пружа безбедност, и поддршка за време на престојот, а Mиниcтepството за внатрешни работи и Aгенцијата за нaционална бeзбедност сеуште не ги завршиле сите оперативни, безбедносни и административни процедури во соработка со странските партнерски служби, сепак им е дадено слободно движење од Владата.

Се обидовме да направиме паралела со мигрантите сместени во прифатните центри, на кои им е забрането да ги напуштаат центрите, по што ни беше укажано дека ниту една споредба не е возможна затоа што се работи на различна категорија на граѓани.

-Мигрантите од Aвганиcтан кои добија 30 дневен престој се соработници на НAТO, aмepикaнcката вojcка, па дури и на нашата војска која беше на мисија во Aвганиcтан, додека останатите мигранти сместени во прифатните центри немаат регулиран статус ниту престој, поради што не смеат да ги напуштат капацитетите каде што се сместени, објаснуваат од MВP.

За полесно движење на мигрантите Црвениот крст на Град Скопје договориле редовна автобуска линија Белви – Центар Скопје, а им биле поделени мапи и брошури од градот и земјата. Доколку таму има лица со безбедносен ризик, тиа мапи да им бидат од корист да извршат напади во Скопје?

-Бидејќи движењето на лицата сместени во хотел Белви не е ограничено, ние се потрудивме како добри домаќини да го направиме нивниот престој попријатен. Има и такви кои самоиницијативно со сопствен превоз се прошетаа до центарот на Скопје, но за останатите кои не се во можност се обидуваме да организираме посебна автобуска линија, вели секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Таа додава дека на мигрантите им се обезбедени и фризерски и берберски услуги во рамки на хотелот, а од вчера е во функција и катче за информации со пристап до интернет кој ќе им служи за подготовки за нивната финална дестинација, како и детско катче кое функционира во периодот од 10 до 17 часот.

– Помеѓу мигрантите кои пристигнаа има 55 лица кои се под 18 годишна возраст. За малите деца и бебиња имаме обезбедено посебна исхрана, а исто така и посебна исхрана има и за хронично болните. Во хотелот каде што се сместени однесовме и маслиново масло и зелен чај со цел да не доживеат голем културолошки шок, бидејќи тоа се намирници на кои се навикнати.  Исто така обезбедивме и облека, обувки и хигиенски средства, а подмирени се потребите и на новородениот Иcлaм кој си доби транспортер, бебешка облека и се што му е потребно, објаснува Тунева.

Сите 150 мигранти се негативни на Ковид, а 59 од нив изразиле желба да бидат вакцинирани.

Од Владата не соопштуваат кога се очекува да пристигнат останатите мигранти, но велат можно е во наредните денови, со оглед на тоа што дадена е согласност за прием на 780 мигранти, а пристигнати се 149.