БОГОЈЕСКИ со топ коментар „Длабока депресија“

Изјави

На социјалната мрежа ФБ, лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески објави коментар – анализа на состојбата во која се најдуваме. Ваква анализа до сега не објавил ниту еден политички аналитичар, а не пак политичар како Богојески.

ДЛАБОКА ДЕПРЕСИЈА!

Пред 3 години објавив колумна во Вечер, на оваа тема, но тогаш се надевав дека нашата Македонија ќе помине низ една депресија, со синхронизиран влез во НАТО и ЕУ за краток период!

Како и секогаш, Македонија плаќа дупло, па ќе мораме да поминеме низ две депресии… за жал!

Констатирано е дека во сите земји, после нивни влез во НАТО и ЕУ, паѓаат во големи разочарувања, поради превисоки очекувања од овие две мега организации! Така беше во Полска, Чешка, Романија, Хрватска, Бугарија…

После влезот на Македонија во НАТО, со одлагање на влезот во ЕУ, ние влеговме во првата голема депресија, поради преголемите очекувања кои ги имавме во последните години… поддршката за ЕУ од 93% падна на 47%, а онаа за НАТО од 87% падна на 34%… сосема очекувано.

Ќе биде ужасно тешко за нас “европските фундаменталисти” да ја вратиме довербата… да дотуркаме до ЕУ… и за жал после пак не чека втората голема депресија…

Како сме тргнале како народ, но пред се политичките слепи елити и нивниот Опнат Балкан, за тоа да се дотурка ќе потрошиме околу 20 години! Што значи со вакви политичари и граѓани кои гласаат за вакви шутраци, ќе го видиме европското сонце некаде околу 2041 година!

Во меѓу време, големите депресии ќе создаваат поволна клима за појава на бандитски здруженија како Левица и за политичари како Кончита… ако поминевме со една депресија, ќе ги гледавме на сцена само 5/6 години… бидејќи ќе доживееме две депресии, ќе ги гледаме преку 10 години! Кумулативно!

Сега сме на средина на првата депресија… климата е ужасно тешка за нас “европските фундаменталисти”, а екстремно поволна за шутрачиња како Кончита… тоа ќе продолжи уште некоја година!

Тоа не значи откажување, туку напротив збивање на редовите и подготовка за новиот бран на ЕУ оптимизам! Едно е повеќе од сигурно, НИЕ ЌЕ ПОБЕДИМЕ! МК ќе биде дел од ЕУ!

После тоа? После тоа пак ќе има пројава на нови Кончити… во ЕУ наречени ЕУ песимисти… па ќе следува период на подолга стабилизација!

Некаде околу 2050 година во Македонија ќе се живее слободен, спокоен и солидарен живот!

Ние ИМАМЕ ПЛАН, тоа да го скратиме, во 2025/6 да сме веќе во ЕУ, а 3С живот да живееме во 2030 година… но вие не слушате и не сакате… упорно со глава во ѕид, сакате да ја продолжите агонијата уште за 20 години и да експериментирате со Кончити!

Терајте, што да ви кажам?!? Каков народ, такви политичари / управувачи! Каква ви глава, таква ви капа! – напиша Богојески на неговата фан страна.