ВОНPEДНO oбpaќaње нa ЗAEВ дo чипиpaнaтa кoмyнa
Пpeмиepoт и лидep на CДCM, Зоран Заев со вонредно обраќање до својата чипирана комуна, во стилот на Груевски, кога се обраќаше до чипираната вмрана. Тој ја појасни одлуката на партијата да го исклучи Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, повикувајќи се на Статутот на партијата.
– Кога ќе тргнете против CДCM, кога ќе се спротивставите на CДCM, не може да бидете член на CДCM – рече Заев.
Истото како она на Груевски „еднаш ДПМНЕ, цел живот ДПМНЕ“!
– Во Куманово ќе победи тој што 30 години победува, а тоа е Coциjaлдeмoкрaтcкиoт cojyз – додаде лидерот на CДCM Зоран Заев.
Исто како Груевски во 2017 година, кога изјавуваше „На локални ќе победи тој што 10 пати по ред победува, а тоа е ДПМНЕ“!
Според Заев, неговата одлука да не ја дочека одлуката на CДCM, туку преурането да оди како независен кандидат, придонела за ваквата одлука на партијата. Само не соопшти дали Максим е платеник на Kaлeтo или на Белиот двор! Овие денови и тоа го очекуваме.
Димитриевски смета дека неговото ислучување не е легитимно бидејќи не е согласно статутот на CДCM. Претходно тој соопшти дека ќе настапи на локалните избори како независен кандидат, по сознанија дека нема да ја добие поддршката од CДCM. Вчера, CДCM соопшти дека за градоначалник во Куманово го кандидира Оливер Илиевски, кој е дел од проверената чипирана комуна.