ДОБРО УТРО од аматерката со MИЛA Ceкcyaлкaта

Добро утро

MИЛA Ceкcyaлкaтa

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Според министерката за “ceкcyaлно” образование Мила, подготовката за почеток на учебната година за едно дете чини само 8000 денари! И тоа го кажува како да мисли на 80 денари, зачудена од бурните реакции на родителите. Воедно, не потсети дека децата кои се од ранливи категории примаат и месечен детски додаток од 3000 денари! И не гледа причина за револт!?

Проблемот е во тоа што “ситиот на гладниот не му верува”. Проблемот е во тоа што секоја наредна година од владеењето на CДCM се зголемува бројот на корисници на социјална парична помош! Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година 101 802 граѓани биле корисници на социјална парична помош, а во 2019 корисници биле 76 084! Вие можете уште подобро и уште повеќе да создадете социјални случаеви, за една година успеавте само 25 718.

А дали секој што има реална потреба од таа помош ја добива истата, многу е едноставно да се утврди. Од 138 647 невработени граѓани, корисници на социјална помош се 101 802, а останативе 36 845 граѓани дали сте се запрашале од што живеат?! Во секое ваше владеење социјалната парична помош е “атрактивна”! А висината пак на таа помош изнесува 3000 денари или за да разбере министерката подобро, колку еден нејзин кармин.

“Мува не ја лази” самоуверено и дрско продолжува понатаму се разбира, со голема поддршка од своите сопартијци во власта. Ако ова е вашиот прав пат, ако толку можете и ако на ваков начин мислите дека треба да изгледа животот на граѓаните, време е да си заминете од власт.