
ДАЛИ ЗНАЕТЕ за сонот на скопскиот Хавзи Паша
ДАЛИ ЗНАЕТЕ?
Пишува Гордана Јанакиевска
ДАЛИ ЗНАЕТЕ… Во триесеттите години на XIX век, за време на владеењето на скопскиот Хавзи-паша, е доѕидан отворениот трем што води кон западната страна на оваа црква.
Народното предание говори дека тргнал кон манастирот со намисла да го извади оловниот покрив од црквата и да го претопи во куршуми. Но, изморен од долгиот пат, во близината легнал да се одмори и заспал. На сон му се јавил војник, облечен во златна одора и јавајќи на коњ го застрашувал со долгото копје.
Исплашен, пашата се прашувал кој е тој воин што сакал да го убие. Кога влегол во црквата и ја видел фреската на cв. Димитриј, го препознал воинот од сонот и веднаш се откажал од својата намера, па наместо да го извади оловниот покрив, го реновирал манастирот и на црквата ѝ доградил трем.