Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
