
CKAНДАЛ: Избpкaн од CДCМ пopaди различно мислење
СДСМ останува најтоталитарна и недемократска партија во земјава. Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, е исклучен од владејачката партија, поради различно мислење од она на раководството лојално на Заев.
Со ова се потврдија сите сомнежи за лажната демократизација на СДСМ и нејзиното приватизирање од страна на Заев и неговата екипа. СДСМ е киднапирана партија, коментираат незадоволните во раководството. Новиот кандидат на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на партијата, практично, ќе му биде противкандидат на Димитриевски, кој минатата седмица собра потписи за независен кандидат, соочен со тактизирањата на партискиот врв околу утврдувањето на кандидатурата за најголемата општина во државата. Со овој потег, Димитриевски влезе во отворен конфликт со партискиот врв.
Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, денеска промовирајќи го новиот кандидат за Куманово, рече дека Димитриевски сам се исклучил од партијата. Тој нагласи дека СДСМ има само еден кандидат во Куманово, алудирајќи на забелешките во јавноста дека во најголемата општина во државата СДСМ ќе се натпреварува против СДСМ на овие избори.
Од СДСМ нема засега официјален одговор кој партиски форум ја донел одлуката за исклучување на Димитриевски, односно дали тоа се случило на синоќешната седница на Извршниот одбор. Сепак, високи партиски извори потврдуваат дека исклучувањето е завршена работа.
Со тоа СДСМ ја продолжија традицијата на тоталитарно управување од времето на Бранко Црвенковски.
По сличен принцип, за време на локалните избори во 2013 година, кога лидер на СДСМ беше Бранко Црвенковски, Централниот одбор на СДСМ ги исклучи од партијата поранешниот партиски лидер и премиер Владо Бучковски, „поради политики спротивни на интересите на партијата“ и Димитар Бузлевски и Виктор Цветковски, поради независните кандидатури за градоначалници на Ресен и на Куманово.
Инаку, Димитриевски не е единствениот од градоначалниците на СДСМ избрани во 2017 година кои не добија шанса за нов мандат од партијата. СДСМ реши да оди со нови кандидати во повеќе општини во земјава, за каде партискиот врв тврди дека социјалдемократите убедливо водат пред ВМРО-ДПМНЕ.