
ДОБРО УТРО од аматерката со приказна за добро утро
Приказна за добро утро
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Once upon a time… еден државник успешно ја демократизираше државата и ги реформираше институциите на системот. Потоа, општеството го отвори подеднакво за сите, овозможи живот за сите.
Ги врати парите кај граѓаните, а на Јустиција повторно и ги заврза очите. Ги сузби криминалот и корупцијата и донесе моменти на среќа кај граѓаните. Од олигарсите ни трага ни глас. Невработените почнаа со работа, а платите и пензиите во континуитет растат.
Новинарите конечно дочекаа независност. Буџетот со забележителен раст, а задолжувањата се веќе минато. Го отвори Балканот и го пречекори прагот кон ЕУ. Така освежен и релаксиран од прочистениот воздух, го отвори срцето и почна да се солидаризира со послабите… одеднаш се разбуди вознемирен и го избрка Максим од партија!