
СКАНДАЛ: Вучиќ за Р. Српска во Отворен Балкан
Александар Вучиќ, во име на лидерската позиција во Отворен Балкан, која ја има Србија и лично тој како нејзин претседател, го покани антиевропскиот и проруски политичар со сомнително поведение, Милорад Додиќ да се приклучи на друштвото со Заев и Рама, во т.н. Отворен Балкан.
Тоа на социјалните мрежи лично го објави претседателот Вучиќ, кој се пофали на средбата со Додиќ и на суштинските разговори за иднината на целиов регион, со посебен осврт замислете на Отворен Балкан. Заначи суштински дел од т.н. Отворен Балкан станува Република Српска и политичари од типот на Додиќ.
Тоа означува влез на Македонија во светот на проблемите на Србија, т.н. „српски свет“ од министерот Вулин. Значи Македонија ќе чека влез во ЕУ заедно со Косово и Босна, односно никогаш нема да влезе во ЕУ!
За оваа национална катастрофа на Македонија и Македонците треба да се побара одговорност од Зоран Заев и неговите погубни политики за европскиот пат на Македонија!