Кој го уништи Aвгaниcтaн

Свет

Авганистанците се чесен народ. Имаа прекрасна држава, но ги нападнаа комунистите од CCCP и им ја уништија државата. После тоа на власт им се наметнаа тaлибaнцитe кои им го уништија општеството и начинот на живот. Им ја убија среќа на децата на Авганистан.

Никој не знае како загина авганистанскиот лидер Хафизула Амин. Едни тврдат дека извршил самоубиство, а други дека го убил некој авганистански офицер. Едно е секако сигурно: тоа се случило истата ноќ кога советските специјални единици извршија офанзива на неговата доброчувана резиденција, дворецот Тајбег. Тоа се случи на 27 декември 1979 година.

Ова беше првиот впечатлив знак на учество на CCCP во граѓанската војна во Авганистан. Советските единици помеѓу 25 и 27 декември влегоа во земјата и ја презедоа контролата над нејзиниот главен град Кабул. Така започна воената операција која ќе трае во следните 10 години. Класична окупација на болшевиците врз Авганистан на чело со Брежњев.

Лудилото на болшевиците одеше до таму што тие воено интервенираа за да ја срушат власта на просоветската Народна демократска партија на Авганистан (НДПА) од 1978 година. Така тие воспоставија воена управа од страв од влијанието на советските ривали Пaкиcтaн, Иpaн и Kинa.

Нур Мухамед Тараки, првиот шев на Демократска Република Авганистан, како изразит левичар започна социјални и економски реформи – им ја подели земјата на селаните (што ги разгневи богатите земјопоседници), го укина шеријатот и воведе задолжително школување за женските деца (што ги разгневи радикалните исламисти). Сите провокации кон народот на Авганистан беа спреведени под будното око на високиот претставник на KГБ Владимир Крјучков во јули 1978 година. Рокот за „советизација на земјата“ беше само една година. Без да бидат свесни дека сиромашна земјоделска земја не може за неколку години да ги усвои советските политики во сферата на бесплатното образование и медицината, општото описменување и тешката индустрија. Наместо советизација тие предизвикаа радикална исламизација и граѓанска војна.

Незадоволните болшевици од Мocква предизвикаа граѓанска војна преку нивниот полтрон, министерот за одбрана Хафизула Амин. Тој на 16 септември 1979 година го тргна Тараки, кој потоа беше задушен со перница од страна на луѓето на Амин. Амин ја презеде контролата над партијата и продолжи со борбата против исламистите (муџахедините) и одржуваше добри односи со СССР (барем така нему му се чинеше).

Болните умови од Мocква за само неколку месеци пред да бидат испратени единици во Авганистан, одлучиле да го отфрлат новиот лидер на земјата, со цел да го обвинат за предавство и ваквиот потег да го искористат како причина за окупација на земјата.

Ставот на Андропов од KГБ бил дека без поддршка од страна на CCCP, со Авганистан ќе управуваат исламистите чија идеологија ја поддржуваа многумина жители на Авганистан, и чии бунтовнички сили добиваа финансиска поддршка од САД, Kинa, Иpaн и од Пaкиcтaн (сиве овие земји ги снабдуваа бунтовниците со оружје). Mocква под превезот дека поддружа авганистанските власти со испорака на оружје и со испраќање воени советници, изврши инвазија врз земјата.

Болшевичкото Политбиро на чело со Брежњев стравуваа дека ќе го изгубат Авганистан, со оглед дека кон крајот на 1979 година антивладината коалиција контролираше 18 од вкупно 26 авганистански провинции, а вооружените сили на централната влада беа на работ на распаѓањето, дека оваа земја наскоро во целост ќе беше под исламска контрола, а Авганистан беше премногу важен за да си дозволат толкав неуспех.

Брежњев сметаше дека контролата над целиот Авганистан од страна на исламистите или од страна на прозападно ориентираните востаници претставува опасност за средноазиските републики на CCCP, каде во пограничната зона (и на територијата на Авганистан и CCCP) живееја Таџици и Узбеци, а тие беа мошне лесен залак за муџахедините. „Се смета дека Централна Азија со своето исламско наследство е помалку советски настроена и дека странското влијание на ова подрачје претставува голема опасност“, пишува Мендкович.

Доколку просоветските власти во Авганистан би ја изгубиле битката против исламистите, во оваа земја би можеле да се појават кинески или американски воени бази, што би претставувало опасност за многу советски стратешки објекти. Политбирото не беше подготвено да се соочи со таков ризик и дојде до заклучок дека воената интервенција ќе биде помало зло. Психопатите во Mocква наречени воено советски политички врв одлучил да се ослободи од нивниот полтрон Амин, претпоставувајќи дека тој под притисок би можел да се сврти кон Америка. И само поради тоа им направија граѓанска војна во Авганистан.

Советската болшевичка воена окупација во Авганистан траеше десет години до февруари 1989 година. За тоа време според официјалните извори загинале 15.000 советски војници и најмалку 640.000 Авганистанци. И покрај толкавите жртви, целта не била постигната: просоветската влада падна само неколку месеци по повлекувањето на советските единици. Оваа воена интервенција катастрофално влијаеше врз имиџот на Coветcкиот Cojуз во светот, го наруши чувствителниот баланс на односите на силите помеѓу CCCP и CAД во Студената војна и само ја зајакна тензијата помеѓу двете суперсили.

Советското воено присуство во Авганистан го забрза распадот на CCCP. „Авганистанската војна влијаеше на влошувањето на економската состојба во Coветcкиот Сојуз и го разниша единството во самото советско општество. Големиот број жртви предизвика незадоволство во земјата“, коментира Алексеј Богатуров во книгата „Историја на меѓународните односи, 1945-2008“.

Одлуката на CCCP да испрати единици во Авганистан, Америкнците го дочекаа како добра вест. „Ние не ги поттикнувавме Pycите да интервенираат,, но свесно влијаевме да се зголеми веројатноста од таква интервенција“, своевремено во интервју за списанието „Le Nouvel Observateur“ изјави Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност во администрацијата на претседателот Џими Картер од 1977 до 1981 година.

„Дента кога Советите официјално ја преминаа границата, му напишав на претседателот Картер: „Сега имаме можност да му обезбедиме на CCCP негов сопствен Виeтнaм“. И навистина, во текот на нецели 10 години Mocква мораше да учествува во војна која го дестабилизираше и го деморализираше општеството, и на крајот доведе до распад на советската империја“, изјави Бжежински.

Што си бараа, тоа си добија болшевиците од Mocква!