ДОБРО УТРО од аматерката со лажниот месија

Добро утро

Лажниот Месија

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

За среќа и општо добро на сите, самобендисаниот и самонаречениот Месија е откриен дека е лажен. Идентификувајќи се со еден марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција го основа здружението “Ленка”. Очигледно, инспириран од еден македонски книжевник и комунист, неговата цел е во него да препознаат револуционер на новото време. Така ја искористува “Ленка“ антологиската песна на Рацин.

Самобендисаниот ако беше храбар и со чесни намери ќе ја избереше “Копачите“ од истата збирка, песна со експресионистичко – револуционерен мотив. Но ниту е револуционер ниту храбар, туку е жеден и гладен за власт. Манипулативен оратор кој во овој напатен народ препозна шанса за себе промовирање како “спасител”, па си ја измисли “Левица”.

Во меѓувреме “крцка ќесичето” ни абер од спасението! Го искористи народот и успеа да се дофати до говорницата во парламент каде што ги држи своите проповеди со уличен жаргон, сакајќи да дојде на власт или поголем “пазар” со власта!

Доволен доказ е кандидатот – Камиказа со кој му го олеснува патот на Петре. Очигледно е дека со Зоки си имаат “натиго – дајмиго”. Но овој народ не е глуп! Овој народ многу добро се сеќава на комунистите од Југославија чиј наследник е “месијата”.

Овој народ знае дека за време на 1941-1944 кога немаа поддршка од македонскиот народ држеа проповеди за обединета Македонија, за права на Македонците да бидат свои на своето, па кога дојде време да се на власт, ја унаказија македонската азбука и јазик, ја уништија цела македонска интелегенција, ги испозатворија илиденците, па дури и толку славените асномци, го направија Крвавото Коледе, многу масовни гробници ширум Македонија, петте струмички студенти…

Овој народ знае да препознае и затоа нема да му даде власт!