СКАНДАЛ: Македонија на црна листа на ЕУ

Свет

До каде ја дотеравме со силната „европска“ политика на премиерот Заев? Македонија никако да влезе во нормални односи со ЕУ.

Поради неуспехот на владата да се носи со бројот на заразени од корона вирусот, повторно ја става Македонија на „црната листа“ за патување во ЕУ. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата. Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

Ткн. „листа на безбедни земји“ на која се најде и Македонија беше усвоена од ЕУ на 15 јули годинава.

Повторно ограничувања за македонските граѓани

Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци. Тоа значи Македонија не само што има лоша епидемиолошка состојба и не се справува со пандемијата на потребното ниво, туку и не и веруваат на Владата на Заев и на Министерството за Здравство на Филипче како извори на податоци.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно ткн. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.