
ЖАЛНО: Изчезнаа 5 милијарди евра од Македонија
Каде се „ветените“ 5 милијарди евра кои премиерот Заев ветуваше дека ќе ги врати на народот, украдени од „режимот на Грујо“?
Во затвор се низа од актерите на тој режим на Груевски, како Камчев, Мијалков, Јанакиевски, Јанкуловска и др. но не видовме ниту едно евро од крадените од народот, да се конфискува и да се врати во буџет на државата.
Раководството на СДСМ и актуелни владини функционери, помеѓу кои и премиерот Заев јавно говореа за украдени милијарди евра од функционерите на ВМРО ДПМНЕ, односно од владата на Груевски. Се вртеа разни цифри, а во јавноста најчесто се спомнуваше цифра од околу 5 милијарди евра, украдени од народот.
Власта се смени, функционерите во затвор, Скопје 2014 пропадна, но парите не ги видовме. Заев вети конфискација и враќање на украденото. Но ништо не исполни!
Дали парите сепак беа пронајдени, по сметки од земјава и странство, но наместо да се вратат на народот и државата, си ги поделија помеѓу себе, екипите на Груевски и Заев? Да има за нив, а за народот кој го шиша! Колку пари од украдените од груевизмот, ги пронајде и си ги зема заевизмот?
Вистината секогаш излегува на виделина. Еден ден и ова ќе се отвори и ќе се дознае. Можеби и Заев поради истите 5 милијарди ќе замине на траен престој во Будимпешта! Или можеби се украдени дополнителни милијарди од народот, последниве 4 години после груевизмот? Колку милијарди евра е ограбен овој народ?