ДОБРО УТРО од аматерката со трагикомедија во 5 чина

Добро утро

Трагикомедија во 5 чина

пишува д-р. Аматерката, вонреден професор на еден факултет

Сеуште нема доволно свесност кај народот за трагедијата во која не донесе сегашната власт. Причината е што власта вешто ги спојува елементите на трагедијата и комедијата.

На целата трагедија во која се наоѓаме, главниот лик Зоки умешно додава доза комични елементи и може да се каже дека тие ја ублажуваат сериозната атмосфера. Испреплетените комични и трагични елементи не “држат будни” и нетрпеливи да го видиме расплетот, кој пак, по дефиниција би требало да биде комичен.

Дејствијата и заплетот беа сериозни и со возвишен стил, ни се случија Катица и Боки, Груевски во “гепек”, промена на името на државата, комичниот договор со соседна Бугарија, приказната за “конзулот” Орце, “жмурката” Мијалков – Оливер, софтверот на Рашковски, Филипче и зделки со вакцини, па и отворен Балкан.

И така, на секое трагично дејствие ќе се појави Зоки со по некој “бисер” и човек неможе, а да не се насмее, па така подзаборава на претходното. Во очекување сме на расплетот!