Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Македонија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Меџити истакна дека историските, културните и општествените врски меѓу двете земји претставуваат основа за развивање заеднички иницијативи. Посебен акцент беше ставен на континуираниот дијалог и комуникацијата меѓу институциите.

„Во текот на разговорот го истакнавме значењето на континуираниот дијалог, зајакнувањето на институционалните односи и унапредувањето на иницијативите од заеднички интерес. Верувам дека блиската соработка меѓу двете земји придонесува за развојот, стабилноста и нашата заедничка иднина“, изјави Меџити.

Тој ѝ се заблагодари на Хаџиу за посетата и ѝ посака успех во извршувањето на институционалните должности, нагласувајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји останува заеднички приоритет.