ДОБРО УТРО од аматерката со ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА

Добро утро

“ВЕСЕЛА” МАТЕМАТИКА

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август 2020 година, се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела.

Одлука на 82- ра седница на Влада: МОН задолжен да го промени календарот за почеток на учебната година на 1 октомври. Во меѓувреме, ограничено движење, карантин, изолации и “демнење”од МВР дали се почитуваат истите, затворени угостителски објекти, сменско работење на администрација, работа од дома, градинка ” за кого- како и тн.

Извештај за 20.08.2021 година – направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на КОВИД-19.

Одлука од 99-та седница на Влада: На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, донесена одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Во меѓувреме, Слободно движење, нема карантин, нема сменско работење, преполнети автобуси, преполни канцеларии, градинки, игротеки отворени и тн.

Што си ја мачат душичката не ми е јасно. Целото општество страда заради нивната неукост и театралност. Да не беше трагично ќе беше смешно.