
СKАНДАЛ: На здpaвje PEЖИM
ЗОРАН ЗАЕВ и официјално воведе РЕЖИМ во Македонија. Суспендирано е Собранието, Владата носи одлуки како законодавна власт. Време е за РЕВОЛУЦИЈА и заштита на правниот поредок и СЛОБОДАТА на граѓаните на Македонија.
Откако премиерот Заев ја обвини опозицијата зашто е опозиција и не се согласувала со сите негови желби и лудории, реши да го суспендира Собранието на Македонија и да ја приграби и законодавната власт во свои раце. Тоа официјално значи воведување на диктатура, против која сите ние граѓаните имаме уставна обврска да се бориме. Не само право, туку и обврска!
Заев нервозен на состојбата во која ја блокираше комплетно функционалноста на државата, преку т.н. процес на „севернизација“, при што остави преку 40.000 граѓани без лични карти, со намера на сила и надвор од одредбите на Преспанскиот договор да вметне „Северна“ во личните документи, ја обвини опозицијата за неговата неспособност. За сите пропусти во работата на Владата, виновна е опозицијата, според лажниот демократ Заев.
Запрете со блокадите, граѓаните имаат право на сопствените пари и на сопствениот глас, се зборовите со кои премиерот Зоран Заев упати апел до опозицијата. Не дозволивме 40.000 граѓани кои во моментов се без лична карта да останат без пари, како резултат на несолидарното и неправедно однесување на Левица, дополнува тој во својот фејсбук статус.
Упорното именување на Левица, ќерка фирма на Заев, е со цел да ја фактирозира на политичката сцена и да ја инсталира како „пожелна“ опозиција, по мерката на власта. Но во исто време, „мерките на Левица“, Заев ги користи како алиби да воведе РЕЖИМ во државата. Штом лошите „апасиевци“ нешто праваат, значи му даваат право на Заев да ја приватизира државата, како што ја приватизираше партијата СДСМ.
Тоа поведение не го ни сокрива Заев. Туку напротив, отворено го дискутира и изјавува:
Тие блокираат, ние наоѓаме решенија. Секогаш ќе правиме максимум за решенија против блокадите што во Собранието ги прават Левица или ВМРО-ДПМНЕ кога блокираат закони и политики од секојдневен, животен интерес на граѓаните. Граѓаните не сакаат кочење, деструкции, уназадување, режим.
Човекот кој го суспендира Собранието, без донесен закон си дозволи да ги менува личните документи на граѓаните, спротивно и на самиот Преспански договор, во услови кога Грција јавно го суспендираше имплементирањето на Договорот, си дозволува да зборува за РЕЖИМ, кој замислете го воведувала опозицијата. Ова е прв случај во светската историја, ОПОЗИЦИЈАТА да воведе РЕЖИМ! Што не е во ред со премиерот Заев?
Донесување на одлуки на Влада без законски основ или противуставно, е повеќе од хибридниот режим на Заев. Ова е веќе отворена диктатура, против која мораме да се избориме.
Ако се знае дека во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА) најдено е решение за проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти, да можат да си подигнат пари од банките и да вршат други трансакции со пасоши, тогаш под каде е оправдувањето на Заев да ги „севернизира“ и менува личните документи без донесен Закон за тоа?
Дополнително, насилството на Заев врз граѓаните, воспоставено заедно со министерот за внатрешни работи Спасовски и со целата Влада, го доведуваат во опасност правото на глас на овие избори. Заев повторно надвор од закон ќе барал решение и начин да го обезбеди уставно загарантираното право граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список, заради застарените лични карти и во соработка со Државната изборна комисија (ДИК) ќе барал можности за граѓаните со неважечки лични карти да можат да го остварат своето основно демократско право, да можат да гласаат на избори. А ниту збор за одговрноста за тоа што некој неспособен владин функционер ги оставил граѓаните без лични документи.
Според веќе официјално диктаторот Заев, законите се носеле во Собранието во интерес на граѓаните, меѓу другото и за остварување на нивните права, а кога Собранието не сака да донесе некој закон по желбите на диктаторот, тогаш тој сам ќе си го донесе. Бидејќи замислете опозицијата не смеела да биде против „непогрешливите“ закони на диктаторот Заев.
Секоја блокада во законодавниот дом е директно на штета на граѓаните. Во интерес на основните човекови и демократски права, апелирам уште еднаш до опозицијата – запрете со блокадите, граѓаните имаат право на сопствените пари и на сопствениот глас, напиша во својата објава премиерот Заев.
Според диктаторот, тоа значи дека ако тој оцени дека некој закон е добар за него, а демек за граѓаните, тогаш опозицијата мора да го изгласа во собрание, а доколку не сака, тој сам ќе си го спроведе во Влада, без да помине на Собрание.
Поминати се црвените линии на воведување на диктатура во земјава.