
Иcлaмcки AЛЖИP за бypкитe
,,Не може да се дозволи носење облека, која го сокрива идентитетот”, рече премиерот на Aлжиp, Ахмет Ујахија.
Дури и Владата на исламската држава Aлжиp, објави забрана за покривање на лицето на работно место во јавните служби. Само во Македонија нема ред и почит на цивилизациските придобивки. Владата на Заев е поталибанска од онаа на исламски Aлжиp.
Премиерот Ахмет Ујахија ги повика министрите и гувернерите строго да ги почитуваат упатствата за забрана за носење никаб и бурка, односно да спречат носење каква било облека што го попречува извршувањето на јавната функција, а која е забранета на јавните места.
Портпаролот на владата појасни дека сите вработени во јавните служби мора да го покажат својот идентитет , за да се избегнат безбедносни закани.