
ПАНОВСКИ со нова БОМБА за Заев
Доктор Пановски го „уби“ Заев со коментар на ФБ. Премиерот не знае математика, а се претставува како економист.
Професорот коментираше:
Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот.
Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти.
Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки.