
Вучиќ прави мајтап со Заев
Претседателот Вучиќ, следејќи сеир со одморот на Заев и пожарите во Македонија, реши да прави мајтап со него. Тој изјавува: Замислете да има некој пожар, а јас да не сум тука!
Луѓето имаат свои семејства, се одмараат по напорна работа. Јас сум тука, сакам да сум овде, замислете да има пожар и да не сум тука. Не би издржал, морам да бидам со повеќето наши луѓе, иако не верував колку луѓе патуваа, кога ги гледам податоците од граничните премини, значи дека собрале многу пари за да можат да патуваат, и покрај короната- рече Вучиќ, пренесува српскиот Портал Луца.ме.
Секако Вучиќ прави мајтап и со своите граѓани, нарекувајќи ги богати и зависни од него.
За разлика од кај нас каде цела Влада е на одмор, а премиерот и министерот за здравство се вратија од одмор еден ден два за пожарите и новите мерки кои владата ги донесе, иако сме во криза спокојно си тераат одмор, српскиот претседател го докажува спротивното.