ЗАЕВ, петел на туѓо ѓубриште

Балкан, Македонија, Политика

Интеграцијата на Македонија во меѓународните институции е неопходен процес за да профункционираме како нормална држава. Но секогаш таа интеграција е проследена со потребата од разни компромоси, кои се засноваат на веќе воспоставени правила на игра во инситуциите каде сакаме да се интегрираме.

Секогаш постоеле две алтернативи, отворени кон светот и интегрирани во ЕУ или затворени во себе и конектирани со „српскиот свет“. Во некои случаеви овој „српски свет“ се надополнува во пошироки балкански рамки, но никогаш не поминува поголем радиус од 800км. Во овој момент тој радиум е проширен со Албанија, поради потребата да се реши косовското прашање и да паднат границите на сите држави, со цел обединување на сите Албанци во една територија.

Меѓутоа, таа „затворена“ агенда на Македонија е авторско дело на поранешниот премиер Никола Груевски, а не на актуелниот Зоран Заев. Токму поради таа агенда со тесен радиус, падна Груевски од власт, а се донесе Заев со цел да го прошириме радиусот. Да се конектираме со ЕУ, а не со „српски свет“.

Перчењето на Заев со „Отворен Балкан“ е всушност правење петел на туѓо ѓубриште. Во случајов на она од Груевски. Заев беше избран за да спроведе ЕУ агенда, а не „Грујо“ агенда. Во случајов „Отворен Балкан“ е проект на Груевски, а Заев само се обидува да го копира и да глуми „груевист“. Ништо повеќе од тоа.

Напуштање на ЕУ агендата и влегување во „филмот на Грујо“, означува крај на кариерата за Заев. Граѓаните тоа целосно го препознаваат, знаат дека се излажени, а тоа нема да го простат, па ниту на Заев лажниот европјанин!