СКАНДАЛ: СДСМ во акција да спречи граѓански центар

Македонија, Политика

СДСМ пропаѓа во се поголема криза. Покрај притисокот од опозицијата, веќе се распаѓа и владината коалиција. Две клучни партии од коалицијата, ЛДП и ДОМ организираат самостоен настап на локалните избори 2021 година. Тоа создава силна нервоза во раководството на СДСМ, особено што за локални избори секој еден глас е значаен за победа.

Со оглед на криминалниот карактер на организирање на изборите и политичкиот систем во земјава, сосема очекувано беше СДСМ да преземе мерки да спречи појава на сериозна конкуренција, која ќе ја симне од власт оваа партија. Појавата на силна граѓанска понуда во форма на политичко движење на центарот, дирекно ги уништува сите надежи на СДСМ за победа во големите градски средини.

Според информации од републичкиот штаб на СДСМ, преземени се мерки за спречување на успешна промоција на граѓанскиот центар. Наводно, во соработка со поранешната лидерка на ДОМ, Лилјана Поповска, организирани се 17 општински организации на Демократска обнова на Македонија (ДОМ), да бараат оставка од претсетаделката на партијата, Маја Морачанин. Со тоа се цели кон уништување на таа партија и спречување да се организира широко граѓанско движење.

Информациите говорат дека е можно да се поделат низа вработувања, функции и финансии на „послушните“ кон Заев, само да се уништи партијата ДОМ. Во такви нечесни аранжмани влегле членови од 17 општински организации на ДОМ, од Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Центар, Пробиштип и Куманово. Во јавноста се очекува да излезе и вредноста за која се продала поранешната лидерка Поповска.

На чело на корумпираната акција за рушење на граѓанскиот центар се појавува Мирослав Богдановски – потпретседател на ДОМ и до недодамна пратеник во Собранието, кој од сосема нелогични причини прифати вработување во Град Скопје, а напушти пратеничко место, со цел тоа да го отстапи на СДСМ, а да ја ослаби ДОМ во позициите во Собранието. Десната рака на Поповска е Ристенка Алтипармаковска, претседателка на општинската организација на ДОМ во Битола, која не сокрива намера за формирање на нова партија, само со една цел, да се остане во полтронска позиција под Заев и СДСМ.

Во таа акција е вклучена и неодамна разрешената директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска, на барање на претседателката на ДОМ, на која наводно СДСМ и ветува повисока владина позиција, доколку успеат да ја растурат коалицијата помеѓу ЛДП и ДОМ. Самата акција за нејзино преставување во јавноста како жртва на Морочанин, е дел од планот да се создаде незадоволство во нивната партија. Тоа се менаџира од центар во СДСМ, изјавуваат членови на таа партија.

Петровска и Мирослав Богдановски пред неколку месеци дојдоа во судир со политиката на Морачанин, по што тие беа разрешени од партиските функции. Бодановски потоа поднесе и оставка на пратеничката функција и се врати на старото работно место – главен инспектор во Град Скопје.