МНОГУ ВАЖНО: ФИЛИПЧЕ го најде лекот за Македонците

Македонија

Многу важна порака кажува оваа слика. Или една слика, илјада зборови. Македонците биле антиваксери! Ве молам да бидеме сериозни. Забрани им кафана, следниот ден сите стануваат ваксери!

Министерот Филипче го најде лекот за Македонците. На здравје вакцина драги пријатели!

После најавата за забрана на кафани, се создаде потреба од нови пуктови за вакцинација. Илјадници граѓани побрзаа да се вакцинираат, и тоа со вакцина „што дадеш, тоа“!

Јавното здравје и колективната заштита се приоритет, а мерките кои се донесени се исклучиво во таа насока. Тие не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека овие мерки се применуваат во многу држави и веќе даваат резултат.

– Забраната за движење во шуми не го дели народот на планинари и оние кои не планинарат, тоа е заштита од пожари. Условот за запишување во училишта на децата со примена вакцина не е поделба на децата, туку нивна заштита од болести и епидемии. Ничие лично право не е над правото на колективна заштита на здравјето на граѓаните, потенцира Филипче.

Тој апелира на максимална одговорност од сите, бидејќи делта сојот брзо се шири.

– Податоците и трендовите кои ги имаме се многу сериозни. Апелирам на доследно почитување на постоечките мерки за заштита и масовна имунизација, додава Филипче во објавата.

Објавата на Филипче следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оцени дека ова се квази мерки кои што не само што нема да го заштитат здравјето на граѓаните, туку и дополнително ќе направат поделби меѓу граѓаните.