
ЕРДОГАН: Кој ја запали Турција?
Терористи ја запалија Турција и сите ќе одговараат!
Огромните пожари со кои се боревме во последно време беа запалени од терористите, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од локалниот весник Хуриет.
Шефот на државата рече дека властите во Анкара идентификувале членови и поддржувачи на Курдската работничка партија (ПКК), која од Турција, Европската унија, САД и други земји е прогласена за терористичка организација. Некои од овие луѓе се уапсени, а други се прогласени за барани, рече тој.
Ердоган додаде дека во изминатите осум дена избувнале 187 шумски пожари во Турција, од кои 162 се изгаснати.
Илјадници пожарникари, војска и полиција, помогнати од доброволци, се мобилизирани во гаснењето на пожарите. За гаснење на пожарите се користени 29 авиони и 59 хеликоптери, рече тој.