ЕКСКЛУЗИВНО: Kaкo Pycиja го зaдyши Илинден, II дел

Uncategorized, Живот, Македонија

Абдул Хамид II, oтоманскиот султан лично сведочи и потврдува, без Pycиja немаше да го задушиме Илинденско востание.

Pycиja прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува востание и дека тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи руски разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија!

Pycиja поддржува автономна Албанија, но никако автономна Македонија!

Pycкитe дипломатски архиви се полни со многу документи што недвосмислено зборуваат за тоа дека Pycиja со сите сили се залагала за уништување на Македонското револуционерно движење, односно за уништување на идејата за Македонија како самостојна држава. Според документите во pycкитe архиви од почетокот на минатиот век, Pycиja постојано инсистирала на статус кво, односно Македонија да остане во скоро време под окупација на Турската Империја, а потоа, во даден момент, да се подели меѓу соседните балкански држави, што ќе биде и сторено со нејзина силна поддршка и помош по Втората балканска војна. Тоа значи дека зад поделбата на Македонија и Букурешкиот договор стои токму Pycиja.

Ваквата шовинистичка политика била константа во pycкатa дипломатија на Балканот. Во 1901 година, на пример, по едно релативно затишје во Македонија, самата руска дипломатија повторно истапува со остар тон кон македонското прашање. Според д-р Растислав Терзиоски, кој ги истражувал архивите на pycкатa дипломатија од крајот на 19 и почетокот на 20 век во однос на Македонија и македонското прашање, Pycкaтa Империја инсистирала на сурови дејства против револуционерното движење во Македонија. Pycитe повикувале и ги охрабрувале Отоманите да вршат насилство врз локалното мирно цивилно население, да спалуваат рисјански села и убиваат македонски цивили, жени и деца, старци, сите оние кое се јатаци и кои им помагале на македонските комити.

Pycкиoт амбасадор во Цариград, искусниот Иван Зиновјев, доставува официјална декларација пред Високата порта со поддршка на турската власт за преземање најстроги мерки против организаторите на безредијата во Македонија. Притоа, Pycиja нема никаква намера да ја ограничува Турција во тој однос. Или, со други зборови кажано, убивајте, палете, бесете, не смее да се дозволи македонската револуција да победи и македонскиот народ да се ослободи. Pyckиoт конзул во Скопје, В. Машков, во своето писмо од 27 јануари 1901 година до pycкиoт амбасадор во Цариград, отворено ја критикува „извесната слабост на султановата влада“ спрема постојаната „дрскост на македонските комитети“, која, како што вели амбасадорот, „предизвикува оправдани страхувања на арнаутските патриоти во поглед на интересите на автономна Албанија“. Со тоа јасно се става до знаење дека Pycиja е загрижена да не пропадне планот за созадање на Албанија, само поради дрските македонски комити.

Значи, Македонското револуционерно движење треба да се уништи затоа што „оправдано ги загрижува арнаутските патриоти во врска со нивните интереси за автономна Албанија“. Според оваа констатација на Зиновјев, Pycиja нема ништо против идејата за автономна Албанија, но никако не може да замисли автономна Македонија. Два месеца подоцна, на 15 март 1901 година, pycкиoт конзул во Скопје со огорченост го известува pycкиoт амбасадор во Цариград за тоа дека „дејците на комитетите остануваат неказнети“, или „недоволно строго казнети од турските власти“, кои, според него, ги затвораат очите за нивните престапи, плашејќи се од крупни политички случувања.

На 29 март 1901 година, министерот за надворешни работи Ламздорф со радост констатира дека „благодарение на сериозните сугестии од страна на Pycиja, биле преземени решителни мерки против македонската организација“. Министерот за надворешни работи Ламздорф во февруари 1902 година му препорачува на својот амбасадор во Цариград да ѝ обрне сериозно внимание на отоманската влада, односно да се „инсистира“ на „соодветни мерки за благовремено спречување на немирите во Македонија, кои можат да предизвикаат крајно опасни компликации на целиот Балкански Полуостров“, со што ќе бидат загрозени виталните интереси на Pycиja.

Десет месеци подоцна, при посетата на Софија на 14-15 декември 1902 година, pycкиoт министер за надворешни работи Ламздорф во својата резиденција во Софија ги примил на разговор Татарчев и Матов, како задгранични претставници на Македонската револуционерна организација, но, по неколку дена, Ѓорче Петров оваа средба ќе ја коментира како „игра што ја приредиле бугарската влада и кнезот, па двајцата отидоа да му ветат на Ламздорф зачувување на мирот во Македонија во името на некакви реформи“. Тоа е доказ дека Бугарија исто така била против создавање на македонска држава, против македонската револуција и Организација, против Илинден. А денес Бугарија и Pycиja, двете гробарки на Македонија, го тврдат токму спротивното.

По враќањето во Pycиja, Ламздорф го информира царот дека македонските комитети „во никој случај не се задоволуваат со ветените реформи за подобрување на положбата, туку бараат автономија на Македонија, ако треба и со насилни промени на постојниот поредок на Балканскиот Полуостров“. Затоа во февруари 1903 година, pycкaта амбасада во Цариград ги обврзува сите конзули енергично да ги осудат дејствата на македонските револуционери и јасно да стават до знаење дека „Pycиja нема да жртвува ниту капка крв на своите синови за некаков обид да се измени постојниот поредок на Балканот од страна на револуционерите“. Тоа е потврда дека pycкиoт Цар лично бил против создавање на автономна Македонија. Вие пак да се крстите во Pycиja!

ПРОДОЛЖУВА….