ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Нов референдум во Македонија

Забава, Македонија

После огромната лага на СДСМ за влез на Македонија во ЕУ, доколку се смени името на државата, сега имаме нова ситуација на терен. Премиерот Заев потпиша создавање на нова унија со Србија и Албанија, наречена Отворен Балкан.

Поради закани од кривичен прогон за Заев, за стапување во сојуз со други држави спротивно на Уставот на Македонија и ставање на земјата во подредена положба, одлучено е да се оди на нов референдум во државата.

Овој пат, референдумот ќе се организирал во партиските простории на СДСМ, а референдумското прашање ќе биде уникатно:

„Дали сте за промена на државата, со цел стапување во Врањанска Унија?“

Се очекува огромен одзив на граѓаните, кои својата иднина ја препознаа во Врање и Бачка Паланка.

Во таа мисија се очекува да им помогне пуштениот низ вода, Вовода Љубчо, сонувачот за Врањанска Унија.