Бугарскиот премиер Јанев ќе испрати помош за пожарите

Балкан, Македонија, Политика

Помошта од страна на Бугарија ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарските екипи ќе помогнат во справувањето со пожарите кај Делчево и Кочани.

Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, ќе испрати помош во Северна Македонија за справување со пожарите, објавија од новинската агенција БГНЕС.

Помошта од страна на Бугарија ќе се состои од 25 пожарникари, три противпожарни возила и две амбулантни возила.

Бугарскиот медиум истакна дека премиерот Јанев во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев најавил дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи за гаснење на пожарите што се случија изминатиов период.