
СКАНДАЛОЗНА прослава на Мечкин Камен
Ароганцијата и безобразноста на власта во Македонија ги надминува сите граници. На вчерашната прослава на Илинден на месноста Мечкин Камен во Крушево, власта им забранила на граѓаните да се движат по единствениот пат и да бидат достоинствено пречекани на настанот.
За жал власта заборавила дека празникот е за народот, а не за функционерите. Оваа влада дојде на власт, токму со ветување дека народот ќе биде во фокусот на интерес на државата. Но очигледно брзо опијана од власта, заборави на народот.
Имено, единствениот пристапен пат до Мечкин Камен, власта го оградила со заштитни ленти и жици, поставила полицајци на секои 10м, со задача да контролираат да не случајно некој обичен смртник го употреби патот. Народот бил под присила натеран да се движи по околните ливади, шума и градилиште.
„За граѓаните е забранет нормалниот пат“, потенцираа припадниците на МВР, со извинување и непријатност во себе. „Извинете, така ни е наредено од големите“ – потенцираа полицајците на терен. Очигледно и на нив им била непријатна сликата, каде мајки со мали дечиња и старци со штеки или бастуми били присилувани да се движат по грмушки, трева висока 1м, по шумски корени и непристапен предел, а најлошо низ отворено градилиште, да поминуваат низ градежен материјал и шут.
За скандалот да биде уште поголем, на некои места во попитомите ливади, каде можело понормално да се движат граѓаните, биле паркирани партиските автобуси на СДСМ, па и на тоа место тешко се поминувало, сведочат очевидци.
Сето ова насилство врз народот на ден Илинден со една цел, да може забеганата и арогантна власт на раат да се вози со луксузни автомобили, платени од истиот тој народ! Буквално власта се рашетуваше по асфалтниот пат, додека граѓаните барале начин како да пробијат пат и да стигнат на Мечкин Камен.
Оние граѓани кои успеале да се искачат до месноста, се соочиле со нов скандал. Забеганата власт го оградила цел Мечкин Камен, обезбедила сенка за ергелата луксузни автомобили платени од народот, а за граѓаните оставиле простор на маргините на месноста. Без пиле да прелета, ангажирана армија од полиција, повторно сите граѓани биле потиснати и не можеле да го следат настанот, настапот на играорните друштва или на Влатко Стефановски. Низ граѓаните се движеле стотици полицајци во цивил, забележливо вооружани и со опрема за комуникации.
Државната делегација помина како низ „турски гробишта“, без да го поздрави или уважи насобраниот народ. Самобендисано, ненормално обезбедена, исплашена државна делегација избега од граѓаните и се сокри под длабоките сенки, забележливо од телевизискиот пренос.
Буквално граѓаните биле дочекани како непријатели на Илинден, ограничени во движење и следени од тајна полиција. Сведоци кажуваат дека за присутни 1000 граѓани, биле ангажирани 3000 полицајци! „Толку аскер немало против четата на Питу во 1903 година!“ – искоментирале постарите крушевчани.
Овој однос кон граѓаните, вакво насилие и омаловажување до сега не е забележано, освен за времето на лудото владеење на СДСМ во деведесеттите. Историјата се повторува, волкот го менува крзното, ама умот не! Огромен дел од присутните крушевчани и останати навредени граѓани го напуштиле Мечкин Камен, пред да започне прославата! Точно во моментот кога се интонирала државната химна, граѓаните масовно заминувале од Мечкин Камен.
На враќање иста песна. Повторно полициски сили на патот, да спречат обичните смртници да го користат и достоинствено да си заминат дома. Повторно биле упатувани низ градилиште и шумата за да го напуштат местото. Иако патот бил празен, власта уживала под длабока сенка, автомобилите на власта исто уживале под сенка, граѓаните морале низ непристапен терен, на жешко сонце да патуваат на кај своите домови, навредени и понижени.
За кого е овој празник? За кого е Илинден? Најчесто поставувани прашања на сите оние граѓани кои поверуваа дека барем оваа 2021 година ќе има достоинствено и народно одбележување на празникот. Срамно!