Отец Пимен со реакција до Пендаровски

Живот, Македонија

Владиката Европски од МПЦ – ОА, Отец Пимен на својата фејзбук фан страна жестоко реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски да не го одбележува Илинден на Мачкин Камен, како што доликува на држава која го почитува својот најголем национален празник.

Отец Пимен објави длабока порака:

„Ај да го разберам светот како поле за културен натпревар, ама како да го разберам претседателот шо ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот? За мир во куќа, немир во душата на секој Македонец не е опција.“

Отецот реагира на одлуката на претседателот да им се додвори на одредени политички кругови, а како резултат на тоа го вознемири секој еден граѓанин на Македонија, кој го почитува Илинден.