ВАЖНО: Орбан со поддршка за Заев

Балкан, Свет

Заев не знае кај тера, сега се најде во екипа со Орбан

Унгарија како дел од т.н. Вишеградска група, задолжена за Балкан, му даде поддршка на Заев за сојузот со Србија и Албанија, наречен „Отворен Балкан“. Ако се знае која е улогата и влијанието на Груевски во Унгарија, тогаш јасно е на кој пат и чија агенда спроведува Заев. Заев стана верен следбеник на Груевски.

„Веруваме дека таквата силна соработка меѓу земјите од Западен Балкан придонесува за стабилноста и развојот на регионот“, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Вишеградската група.

Со цел да се замачкаат очи на народот во Македонија, се додава дека Орбан продолжува да го поддржува забрзувањето на процесот на проширување на Европската унија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама вчера во Скопје потпишаа три документи што ќе ја стави Македонија во поддредена положба во т.н. „српски свет“, односно ќе биде жртва на конечното косовско и босанско решение.