ВОЈВОДАТА молчи за корка од Заев

Македонија, Политика

После потпишување на договорите за „конфедерација“ со Србија и Албанија, со кои дефинитивно Македонија станува жртва на проектот „Српски свет“, молк во земјава. Молк во МАНУ, УКИМ, особено кај коалиционите партнери на Заев.

Од сите интелектуалци и политичари во земјава, се очекуваше реакција барем од Љубчо Георгиевски, кој цел живот тврди дека се бори против „српска Македонија“ и дека не прави компромис со тоа прашање. Но гледаме дека Војводата молчи, како да голтнал тврда корка од Заев, или очекува да му биде фрлена корка плус.

Неговата партија, ВМРО народна е во коалиција со антиевропскиот СДСМ на Заев, а во Парламентот има и свој пратеник, Љупчо Балковски. Без разлика на сите можни коалициски пазарења и интереси, со вакво прашање не се прави пазар. Според информациите до кои дојдовме, пратеникот Љупчо Балковски гласал ЗА т.н. Антимакедонска Резулуција за идентитот“, со која се затвори европскиот пат за Македонија.

Сега повторно истиот тој партеник молчи и поддржува отварање на „српска порта“ за иднината на Македонија, со што ние ја губиме независноста, за која токму Љубчо војвода се фали дека ја издејствувал. Како може човек што ја „промовирал“ независноста на Македонија и одвојување од мала Југославија, денес да молчи токму на укинување на таа независност и влегување во нова квази Југославија?

Дали мотивот како и секогаш е „корка за Војводата“? Љубчо Георгиевски е виновен што ВМРО ДПМНЕ не формираше влада во 1992 година и дозволи Бранко Црвенковски да дојде на власт. Потоа со негова грешка за бојкот на пармалентарни избори 1994 година му дозволи на мафијата на СДСМ да ја спроведе најкриминалната приватизација на стопанството во светов. Тој е виновен што се случи 2001 година и пропаста на Македонците во Македонија.

Истиот тој човек го донесе на чело на ВМРО ДПМНЕ токму Никола Груевски, а потоа му правеше пат за „одложено владеење“. За денес да му помага на Заев во сите предавства на Македонија, особено последното за укинување на независноста и враќање на Македонија во т.н. српски свет.

Ова ли е тој војвода Љубчо Георгиевски? Дали грешките што ги прави се само грешки или се нарачани потези на Војводата? Наше мислење е дека Војводата од 1990 година работи под контрола на друг центар и сите „грешки“ се наложени. Толку од овој Војвода.