
НАЈНОВО: Кривична пријава за Заев
Македонски концепт преку нивниот промотор Петар Богојески, подготвуваат кривична пријава за премиерот Зоран Заев за национално предаство, поради стапување во противуставен и неовластен сојуз со други држави. Се мисли на договорот за сојуз со Албанија и Србија, т.н. Отворен Балкан.
Петар Богојески на својата официјална фан страна на социјалната мрежа Фејзбук објави:
Обединета Македонија во Обединета Европа! – тоа е императив за секој Македонец
ЕУ е единствена шанса во 21ви век да ја обединиме Македонија!
Таа беше распарчена пред повеќе од еден век во Букурешт, по предлог на Бугарија, а по наредба на Русија!
Тоа може да се реализира доколку падне границата помеѓу Вардар, Егеј и Пирин! Прво отварање на Солун преку надградба на Преспански договор, влез во ЕУ преку Атина, а со тоа се обединува и Пирин!
Предавничката акција за паѓање на границата со Србија и Албанија, е антипод на обединувањето на Македонија! Тоа е национално предавство и треба да подлежи под кривичен прогон!
Македонски концепт ја разгледува можноста да поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за противуставно и неовластено стапување во сојуз со други држави и за нарушување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија!
Новиот закон за заштита на државноста ќе го опфати и предавството со “мали шенген”, а Зоран Заев ќе одговара за национално предавство!
Борбата за Македонија никогаш не престанува! Македонија во ЕУ! Стоп за мали шенгени!
МКДенес ќе побараме дополнителни информации од Македонски концепт, особено околу дилемата со референдумското прашање за 1991 година. Дали тоа му дава легитимитет на Заев или не?