ВАЖНО: ВМРО ДПМНЕ против мини шенген на Заев

Македонија, Политика

Зоран Заев ги излажа граѓаните. Им ветуваше европска Македонија, а сега нуди Мини шенген Македонија. Мини шенген не може и не смее да биде алтернатива на членството во Европската Унија.

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Македонија припаѓа на широкото европско семејство на држави и ваквите обиди на Заев да прикаже една мултилатерална соработка на балканските држави како огромен дипломатски успех, е всушност дипломатски неуспех да се постигне целта членство во ЕУ.

Очигледно дека освен неуспесите на домашен план, власта на Заев се соочува со пораз и на меѓународен план. Четири години безочно ги лажеше граѓаните за македонските евроинтеграции, бараше алиби и виновници во други, за сега да заврши во Мини шенген.

Македонија стана заложник на криминалот и корупцијата на Заев и неговата неодговорна политика и се дури е Заев власт, Македонија нема европска иднина. Четири години власт на Заев се четири украдени и упропастени години за граѓаните, се вели во соопштенеито од ВМРО-ДПМНЕ.