
ВАЖНО: Втор ШАМПИОН за денес, Заев ја фати чистачката како краде во Влада
Сложни калуѓери и во петок мрсат! Заев во стилот на Груевски, соопшти дека нема корупција во Владата, министрите и директорите се многу чесни луѓе, а корупцијата ја прават чистачките и куририте.
Додека ова го тврди Заев, американските институции јавуваат за рекет врз американски бизнисмени во Македонија. Сигурно Американците не се пожалиле на чистачките во Влада. Генсекот Рашковски во затвор, но тоа Заев не го гледа. Вината била кај куририте што носеле пошта до бизнисмените.
Истото во свое време го тврдеше поранешниот премиер Груевски, кога изјави дека нема корупција во врвот на неговата влада, а имало кај пониските ешалони. Покасно вистината е како шило, врти, врти и излезе дека самиот премиер бил кралот на корупцијата, а половина министри денес се во затвор. Дали истото ги чека министрите на Зев?
Американски бизнис фактори идентификувале корупција во владини тендери и правосудството.
Според извештајот на Стејт Департментот за инвестициите во Македонија, меѓу тие што идентификувале корупција во владините тендери и во правосудството, не се само американски бизниси туку и други, но Стејт Департментот не открива кои се тие бизниси, ниту за каков вид на корупција се работи. Владата денеска реагираше дека борбата против корупцијата е приоритет, но не кажа директно дека ќе поведе истрага за наводите на странски меѓу нив и американски бизнисмени.
Индициите дадени од релевантниот извештај на Стејт Департментот на САД е доволна причина владата да почне темелна истрага. Доколку нема истрага јасно е дека Владата има други приоритети од тие за кои се залага јавно. Но, премиерот Заев не чекаше, започна сопствена истрага и ги откри криминалците. Тоа да ти биле чистачките и куририте во владата. Секоја ти чест премиере!