СКАНДАЛ: Македонците во очај

Живот, Македонија

Погрешните политики за воведување на етнички квоти при вработување, доведоа до очајна состојба во земјава. Огромен број етнички Македонци се изјаснуваат како Албанци со цел да се вработат во Македонија, а не во Албанија. Поголемо лудило од ова, по срамна политика од оваа не може да има на планета Земја.

Последниот од стотици примери е скандалот со вработувањето во Кинотека на Македонија.

Според јавниот оглас за „филмолог-филмски архив“, објавен во три македонски дневни весници, од страна на Кинотека на Македонија од сите пријавени кандидати за позицијата, избран е Емил Костовски.

На ова решение Костовски е изјаснет како „Албанец“.

Истото е потпишано од директорот Владимир Ангелов, каде стои дека Костовски е вработен на неопределено работно време.

Честито вработување Емил!