EKCKЛУЗИВНO: Пишман патриотите ја признаа СEВEPНA

Изјави, Македонија, Политика

Пишман патриоти заљубени во Северна

Граѓаните често се замајуваат од т.н. патриоти, кои името не го даваат, Северна не ја прифаќаат, на последните избори ветуваа и се колнеа дека ќе го врателе името, па кажуваа правни начини како тоа ќе го направат, демек големи правници биле, а сето тоа било уште една лага. Двајца манипулатори предничеа во таа кампања, тоа беа пратениците Апасиев и Милошоски.

Истите тие двајца антиЕУ џанкери, беа најгласни дека „не им чуе“ за последната Уредба на CAД, со која ќе се санкционира неприфаќање на Пpecпaнcки дoгoвop, а се пофалија дека доброволно се пријавуваат за „цpнaтa лиcтa“ на Бajдeн.

Не помина долго време, пишман патриотите свиткаа опашка и ја свија длабоко помеѓу нозете. Вистинското лице се покажа на дело во Собранието на Македонија.

Прво се покажаа пратениците на Левица: Апасиев и Крмов, кои се потпишаа на предлог законот за измена на Изборниот законик, каде што нашата држава се нарекува „Северна Македонија“.

Овој предлог закон е потпишан од малите партии, а својот потпис го ставија и пратениците на Левица. На целиот текст на предлог законот, на кој се потпишани Апасиев и Крмов, нашата држава е напишана како Северна Македонија. Но тоа не застана тука. Апасиев го севернизира и законот за државјанства, капитулираше под шамарите на „монархот Таљо“, како што тој го нарекува, и прифати Северна дирекно во амандманите на Левица.

Се поставува прашањето дали со тој чин Левица Де Факто ја призна „Северна“? Дали Димитар Апасиев го излажа цел македонски народ кога се колнеше дека ќе го враќа старото име Македонија, со неговите јаки правни трикови? Дали откако седна во фотељата, сега веќе пишман патриотот Апасиев, се заљуби во СЕВЕРНА?

Тоа се тие лажни патриоти, за кои народ упорно гласа, а потоа плаче дека е излажан.

Но работите не застанаа тука. Се промени и ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како ќе гласаат за амандманот на Резолуцијата, поднесен од СДСМ, а кој се однесува на употребата на целосното уставно име Република Северна Македонија. Вчера пишман патриотот Антоњо Милошоски рече дека за овој амандман кога ќе се најде пред пратениците ќе гласаат воздржано и дека со мнозинството на власта ќе биде усвоен. Тоа значи дека Антоњо свиткал опашката и сега започнал да ја милува СЕВЕРНА.

Самата изјава на Милошоски дека тие ќе бидат воздржани за гласањето на амандманот за вметнување на уставното име, отвори дилеми дали ВМРО-ДПМНЕ тивко ќе почне да го прифаќа терминот Северна Македонија.

„По однос на истиот амандман ќе бидеме воздржани, но тие имаат доволна бројка за тој да помине. Битно ни е дека содржината на Резолуцијата која што се однесува на македонските позиции виз-а-ви Бугарија ќе биде зачувана.“, рече Милошоски. Значи битни му се да ги реализира „задачките кои му ги дадоа од далечен север“, а воопшто не е битна Македонија.

Каде се сега пишман патриотите Апасиев и Милошоски да кажат ЊЕТ на Таљо и СДСМ, а да продолжат со политиката на непопусливост и да ги исполни дадените предизборни ветувања?