
ТРАГЕДИЈА за Турција: Ердоган моли за милост
После промена на власта во САД, новата администрација презема низа мерки за дисциплинирање и пензионирање на султан Ердоган. Одлуката е донесена, тој се пензионира пред нова година. Но тоа не е доволно. Преземени се мерки за истиснување на Турција од островот Кипар. Тоа е рамно на трагедија за Турција, каква не доживеале од падот на султаните.
Советот на ООН ја осуди желбата на султанот да си отвара одморалишта на Кипар, но тоа доби меѓубародна поддршка од сите земји. Турција пак од своја страна ја отфрли осудата на Советот за безбедност на Обединетите нации за поделба на Кипар. Како и неговите планови за повторно отворање на крајбрежниот град испразнет од неговите првобитни жители, кипарските Грци.
Ние ја отфрламе декларацијата на Советот за безбедност на ООН во врска со планот за повторно отворање на одморалиштето Варош, како и изјавите на разни земји засновани на неоправдани барања, што не се во согласност со реалноста на островот, порача турското Министерство за надворешни работи во соопштението. Додаде дека десетина години вложени напори не овозможија да се постигне федерален статус на островот Кипар поради „бескомпромисниот став на кипарско-грчката администрација“.
Медитеранскиот остров е поделен од 1974 година помеѓу Република Кипар, членка на Европската унија, на југ и Турската Република Северен Кипар (РТЦН), самопрогласена во 1983 година, што ја признава само Турција.
Советот за безбедност на ООН во петокот едногласно усвои декларација за решавање на кипарскиот конфликт, заснована на федерација на две еднакви политички заедници и зони, со која експлицитно се осудуваат едностраните активности на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Членовите на Советот ја осудуваат најавата на турскиот претседател и водачот на кипарските Турци од 20 јули 2021 година за ново отворање на делот од затворената зона на Варош. Тоа значи дека султанот се скара и со Русија и Кина, а сега остана да моли за милост на САД, онаму каде до вчера плукаше и се закануваше.
Советот за безбедност длабоко жали за оние еднострани активности што се спротивни на претходните резолуции и изјави, се додава во соопштението.
Тие бараат итно да се повлече таа мерката за отворање, како и сите промени извршени во Варош од октомври 2020 година.